Јазикот нѝ овозможува алатка со чија помош се дистанцираме од нашите сопствени искуства и пообјективно го прифаќаме светот.
Ако зборувате сами со себе, не само што не сте “луди”, туку си правите услуга, пишува Њујорк тајмс. Научниците, всушност, докажале дека таква чашка разговор позитивно влијае на нашето однесување и размислување.
Кога зборуваме сами со себе, работите веднаш ги согледуваме на пообјективен начин. Сепак, важно е и како разговарваме – ако го користиме мотивацискиот или инструкцискиот говор и во кое лице си се обраќаме самите на себе, објасни Ethan Kross, професор по психологија на Универзитетот во Мичиген.
Ти можеш
На пример, кошаркарите побрзо ја проследуваат топката кога на глас се мотивираат, открива едно истражување, а второто, дека луѓето кои зборувале со себе, но во себе, чувствувале помала анксиозност кога тие на самите себе си се обраќале во второ или трето лице – “Ти можеш да го направиш тоа”, или “Ивана ти го можеш тоа” – отколку во прво лице, “Јас можам да го направам тоа.” Нивниот настап за подобар го оцениле и нивните колеги. Поентата е, во принципот на самодистанцирањето, а Kross наведува пример на чести ситуации за да ни долови за што станува збор.
НАПОМЕНА ⇒ Имаме потреба од оние на кои им е познат мултилев маркетингот и кои се заинтересирани за работа. По пријава следи одредување термин за презентација и запознавање со производите и начинот на работа.
Оставете порака во инбокс ⇒ со клик на: СИБИРСКО ЗДРАВЈЕ / SIBERIAN WELLNESS
– Сетете се на времето кога со некој пријател или со саканото лице сте зборувале за некој проблем. Како аутсајдер било релативно лесно да ги советувате за овие проблеми. Една од клучните причини е тоа што ние не сме толку подготвени за овие проблеми и можеме да размислуваме јасно, бидејќи имаме растојание од ова искуство – вели Kross.
Објективизација
Значи, ако ние сами си се обраќаме во второ или трето лице наместо во прво, тоа нѝ помага дека ја согледаме ситуацијата од една логичка, објективна перспектива и ќе се оддалечиме од емоционалната, пристрасната компонента.
Инструкцискиот разговор со себе може да ги зголеми когнитивните способности при извршувањето на задачите. Штосот е во т.н. хипотеза на повратната информација, поткрепена со информации, поддржани со истражување. Испитаниците имале задача да пронајдат фотографија на банана меѓу 20 други фотографии. Оние кои гласно кажале “банана”, пред тие да почнат да бараат, биле побрзи и попрецизни.
Мотивационата чашка на разговор е најдобра во задачите кои бараат брзина и сила, како на пример во спортот, а инструкцијата кога е потребен фокус, стратегија и техника, на пример, за составување мебел.