Снег падна во Саудиска Арабија, првпат по 50 години.
Откако снежните бури го погодија Блискиот исток, некои делови на Саудиска Арабија беа обелени. Толку е ретка појава што се смета за феномен.
Издадено е предупредување за лошите временски услови за неколку делови од земјата, а најпогодениот регион беше Асер, каде падна голем снег.
Многу Саудијци објавија видеа и фотографии од снег во пустината, а најинтересни и најгледани се оние со камили.
На крајот на јануари, температурата во Саудиска Арабија падна под нулата.