Ако мислите дека луѓето денес прават необични работи, би требало да го проверите минатото.
Ќе видите дека нашите претци правеле дури и почудни работи, но сепак легални. Еве некои застрашувачки работи кои биле допуштени во минатото.
Третман со кокаин
Пред 100 години, луѓето не го сметале кокаинот за штетен. Напротив, тој бил достапен во аптеките и се продавал без рецепт за лекување на кашлица и на забоболка. Исто така кокаинот бил препорачуван како седатив за децата. Како и другите лекови, и кокаинот бил рекламиран.
Продолжува на страна 2 – Праќање на деца преку пошта
Праќање на деца преку пошта
Звучи како шега, но на почетокот на 20 век Американците можеле да си ги пратат децата преку пошта, а тоа било апсолутно законски. Праќањето чинело околу 15 центи ако нивното дете не тежело повеќе од стандардна пратка. Таквите „грижливи“ родители веројатно сакале да заштедат пари и затоа на ваков начин ги праќале своите деца кај роднините.
Продолжува на страна 3 – Надворешни кафези за бебиња
Надворешни кафези за бебиња
Во триесеттите години на минатиот век жичените кафези често биле користени кај британските семејства. Со помош на овие опасни конструкции децата можеле да дишат чист воздух додека нивните мајки биле зафатени со домашни работи.
Продолжува на страна 4 – Сомнителни методи за лекување
Сомнителни методи за лекување
Во минатото докторите не знаеле за дезинфекција и употребувале чудни методи. Пуштањето крв било лек за сите болести, на пациентите им го сечеле јазикот за да се излекува пелтечењето, се изведувала лоботомија и се лекувало со електрошкови. Дури и најуспешните лекари од тоа време, како што е ортопедот Луис Сајри (на слика со пациентот) вршеле многу операции со смртоносни исходи.
Продолжува на страна 5 – Радиоактивни играчки
Радиоактивни играчки
Во педесеттите години на минатиот век радијацијата е третирана како прилично сигурна работа. Таквите „атомски“ играчки, како што е минилабораторијата прикажана на сликата, биле мошне популарни. Сетот за експерименти вклучувал вистински полониум и уран во мали количини.
Продолжува на страна 6 – Човечки зоолошки градини
Човечки зоолошки градини
Човечките зоолошки градини имале за цел да ги покажат луѓето од Азија и Африка како „доказ“ на Дарвиновата теорија. Таквата срамна забава постоела со години. На сликата можете да го видите белгиската зоолошка градина од 1958 година.
Продолжува на страна 7 – “ Забавни излети” во менталните болници
„Забавни излети“ во менталните болници
Пациентите во психијатриските болници во минатото биле лошо третирани – персоналот ретко им давал храна, иако роднините плаќале за сместување и за храна. Но на сопствениците на менталните болести тоа не било доволно.
Тие направиле мала фирма: посетители можеле да платат одредена сума пари за да ги гледаат кутрите луѓе, а некои дури и ги боделе со стапови.
Продолжува на страна 8 – Збирка на делови од човечко тело
Збирка на делови од тело
Денес е чудно да се слушне дека некои луѓе собираат делови од човечко тело како трофеи. Но во минатото тоа било стандардно хоби и не предизвикувало гадење. Угледните господа имале сопствени патоанатомски соби дома.
Дури и војниците дома си ги носеле черепите на своите непријатели. На оваа слика гледаме американски морнар кој за време на Втората светска војна земал череп од јапонски војник.
Продолжува на страна 9 – Пушење во текот на бременоста на рецепт
Пушење во текот на бременоста на рецепт
Пред 70 години американските лекари на трудниците им препорачувале да пушат за да се ослободат од запекот. Значи, на жена која само што се породила, не ѝ било забрането да пуши во болницата.