Можете ли да замислите блиска иднина кога повеќето уреди кои ги имате во вашето домаќинство ќе бидат безжични, а на секој чекор ќе ѕирка предавател како што се оние за мобилните?
За 2020. година се најавува воведување на најновите типови на мобилна и интернет 5G мрежа, која наголемо се тестира, а предупредувањата на научниците за нејзината штетност и понатаму целосно се игнорираат.
Експертите, големите противници на оваа технологија, тврдат дека таа ќе има последици врз нашето здравје и воопшто на животот на планетата. Откако еднаш дефинитивно ќе се воведе оваа нова технологија, предавателите на 5G мрежата ќе бидат на секој чекор, а нејзините застрашувачки високи фреквенции ќе поминуваат низ нашата кожа и ткивата, и ќе предизвикаат мутации и тумори.
Бројни студии веќе ги потврдиле штетните ефекти на 4G мрежата, која во моментов се користи, а некои од опасните последици по здравјето на луѓето се зголемување на овие нарушувања и болести: рак и тумори, кардиоваскуларни заболувања, хормонална нерамнотежа, несоница, депресија, главоболка, намалена плодност. Со користење на безжичната мрежа или Wi-Fi (Вај-Фај), докажано ја зголемува инциденцата на рак кај луѓето, а честата употреба на мобилните и паметните телефони доведува до значително зголемен ризик од тумор на мозокот.
И покрај тоа што технолошката индустрија тврди дека 5G мрежата е безбедна, извештајот на Американската национална токсиколошка програма на таа мрежа укажува на спротивното. Имено, високите фреквенции на микробрановите зрачења што се користат од 5G мрежите може да имаат катастрофални ефекти врз здравјето на луѓето. Воведувањето на оваа мрежа ќе го одбележи “експлозија” на примената на безжична технологија, бидејќи повеќето уреди ќе станат безжични, што, исто така, ќе значи дека ќе бидеме многу повеќе изложени на штетните зрачења.
Повеќе од 90 проценти од микробрановата радијација се апсорбира преку нашата кожа, односно епидермисот и дермисот. Ова значи дека нашата кожа по воведувањето на 5G мрежи всушност ќе служи како “сунѓер” за апсорбција на овие штетни зрачења, предупредуваат научниците.
Истражувањата, исто така, покажале дека ваквата радијација е многу штетна за нашиот вид и имунолошкиот систем, и при тоа се закануваат на регенерација на клетките и ја ослабнуваат нашата отпорност на бактериите.
Освен нас самите, 5G мрежата може да го загрози растителниот и животинскиот свет на нашата планета. Може негативно да се одрази, на пример, на птиците и пчелите. А она што со сигурно го знаеме е – со исчезнување на последните пчели, ќе исчезне и човекот.