Застрашувачка глетка | 5 загинати, 200 хоспитализирани, масовно иселување | Фото/Видео

1510

Земјотрес 6,4 со епицентар во Шијак. Пријавени 5 жртви, се напуштаат становите и куќите, 200 хоспитализирани.

Земјотрес во Албанија со јачина од 6,4 степени ја погоди земјата во 03:55 минути денес. Епицентарот бил во Шијак, 10 километри од Драч и 31 километар од Тирана, а потресите биле доволно силни за да соборат згради и куќи. Досега има 5 смртни случаи и 200 повредени. Во меѓувреме, 186 лица добиле прва помош во болница.

Една жртва е од Thumana. Постара жена го загубила животот, одека нејзиниот внук е спасен под урнатините. Во Курбин се пријавени два смртни случаи, едно лице загинало откако тпаднал од балконот во обид да избега. Во истиот град, друго лице загинало откако изгубило контрола над своето возило.

Најпогодени градови се Тирана, Драч, Лежа и Шијак, каде има многу урнати згради и повредени лица. Болничките дворови се полни со повредени. Десетици граѓани се упатиле кон болницата Траума во Тирана.

Земјотресот е почувствуван во  целиот регион.