Порано поголема беше конзумацијата на природен шеќер од овошките и зеленчукот, но сега истражувањата покажуваат дека вештачкиот шеќер е главниот извор на шеќер во нашата исхрана.
Проблемот е што тој шеќер не е врзан со други хранливи состојки, како на пр. влакната. Светската здравствена организација го нарекува слободен шеќер, бидејќи веднаш се апсорбира од дигестивниот систем и многу е лесно да внесете премногу.
На пример, може да испиете една лименка безалкохолен пијалок, но нема да изедете четири јаболка бидејќи влакната во јаболката ве заситуваат.
Светската здравствена организација препорачува да се намали дневното внесување на шеќери до помалку од 10% од вкупниот внес на калории (околу 12 мали лажички дневно). Препорачува и натамошно намалување и до помалку од 5% ако е возможно (околу 6 лажички дневно).