Закажување за пасоши и лични карти преку мобилен

823

Биометриските лични документи можете да ги добиете и ако закажете термин преку мобилниот број 072 92 92 92, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Закажувањето можете да го сторите и преку веб страната на МВР termin.mvr.gov.mk и преку фиксниот телефон на бројот 0800 192 92.