ЗДРАВА ХРАНА

Зачин кој ги „убива“ сите лоши бактерии во храната

By kukuriku

November 17, 2019

Сeчуанскиот бибер се нарекува уште и кинески коријандер, а составен е дел на азиската кујна. Има лимонест вкус кој добро се комбинира со солени и слатки јадења.

Биберот од Szechuan е важен зачин на кинеската и индиската кујна кој се користи за зачинување на солени и слатки јадења.Сем лесната луткост, нема премногу врска со класичниот бибер.

Се добива од два вида растенија од родот Zanthoxylum, поради што има лесна цитрусна нота која добро се комбинира со печурки и мешунки, но и со егзотични слатки.

Во кинеската традиционална медицина, овој зачин се користи со векови како уништувач на лоши бактерии и особено е популарен кај посиромашната популација, која понекогаш не може да го избере потеклото и свежината на храната.

Покрај тоа, лутите зачини се познати и како „средства за чистење на цревата“, кои ги чистат несаканите штетници. Неодамнешните истражувања покажаа дека овој зачин е одлична алатка за слабеење и сузбивање на целулитот.

Еве како да го користите

Сечуанскиот бибер во зрна најдобро е лесно да се тостира во тава, а потоа да се меле. Само лушпите се користат за зачинување на јадењата, а блескавите црни зрна се фрлаат затоа што имаат горчлив вкус и текстура како песок што може да го уништи вкусот на храната.

Зачинот обично се додава на крајот од готвењето, а особено добро оди во комбинација со sвездестиот анасон и ѓумбир во подготовката на азиските десерти. Во комбинација со чили во прав, се добива моќна мешавина за зачинување на егзотични јадења.

Некои тврдат дека сечуанскиот бибер во устата предизвикува сензации слични на газираните пијалаци. По консумирањето може да се забележи пецкање, тапост и мало “зуење”. Внимавајте на дозата бидејќи овој бибер има алкална pH вредност, така што прекумерната употреба може да предизвика отрпнатост и вкочанетост на усните.