Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

356

Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 претпладне до 05 часот следниот ден, сопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски.

  • Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне. Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.

Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.

Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.

Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.

Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

mia.mk