Заболување од носење заштитни маски при високи температури

156

Голем дел од населението се соочува со еден проблем што се јавува поради носење маска на високи температури.

Ова се акни и мозолчиња кои се јавуваат како резултат на носење маски и затнување на порите во пределот на лицето над кое се шират, а популарно се нарекуваат маскни.

Овој феномен е забележан низ целиот свет, а дерматолозите лесно можат да го објаснат.

– Проблемите со кожата се јавуваат редовно ако маската се носи редовно. Бидејќи голем дел од населението сега носи маски, затоа овој проблем е уште помасовен – посочува дерматологот Ејми Касуф.

Додека разговараме и дишеме, лицето е преплавено со голема количина на топол воздух што создава уште потопла средина што е идеално за бактериите да се размножуваат, нарушувајќи ја рамнотежата на кожата.

– Луѓето кои имаат мрсна кожа се повеќе склони кон овој проблем. Шминка е исто така фактор што го поддржува овој проблем. Затоа, не препорачуваме потешка шминка. Ако е воопшто можно, обидете се да не се шминкате – истакнува Касуф.

Совет на дерматолог е лицето наутро и навечер, а пожелно е и малку да ја хидрирате кожата.

– Пред се, ова е хигиенска работа. Некои типови на кожа се чувствителни, но за да го избегнете проблемот, треба редовно да го чистите лицето, да ја менувате маската и да избегнувате шминка – заклучи дерматологот.