За Велигденските празници целосна рестрикција во движењето – исто како за викенд!

792

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека за велигденските празници ќе има целосна рестрикција во движењето, исто како и за викенд.

-Во однос на празниците кои се пред нас, тука ќе важи целосна рестрикција во движењето. Сметаме дека за тие празници, за време на можност за такви собири многу тешко ќе може да се исконтролира движењето, ако има дозволено таква можност. Така да, ставот ќе биде да важат истите мерки како за викенд, рече Филипче одговарајќи на прашање на Слободен печат.

За првпат во Македонија има четиримесечно бебе со Ковид 19. Во неговото лекување е вклучен педијатар. Бебето е хоспитализирано на Инфективната клиника во Скопје со Ковид 19. Позитивна на вирусот е и мајката. Семејството е од Кочани.

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на прашањето на Слободен печат од кој кластер на пациенти се мајката и бебето, рече дека ќе се провери дополнително епидемиолошката анкета. Бебето е во добра состојба, не е респираторно загрозено и се консултира педијатар.

-Ќе се следи имунолошкиот статус во следните неколку месеци зашто тоа е битно и во пристапот за редовната вакцинација. Се надевам дека вака ќе продолжи и дека во следниот период целокупниот пристап и двајцата ќе ја надминат болеста, рече министерот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.