За убиството на навивачот на АЕК одреден притвор за 12 хулигани

574

Од 30-те хулигани кои денеска се појавија пред истражните судии во Атина поради нередите во атинската населба Нова Филаделфија, кога беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, 12 од нив се задржани во притвор.

Покрај на Грк и Албанец, притвор им е одреден и на десет хрватски државјани, пренесува порталот „Прототема“.

Обвинетите хулигани најмногу тврдеа дека се нашле на погрешно место во погрешно време и дека не биле вклучени во инцидентите.

Изјавите на првите 30 обвинети се воделе истовремено пред тројца истражители.

Сите тие категорично негирале учество во крвавите настани во Нова Филаделфија, како и вмешаност во смртоносната повреда на 29-годишниот Кацурис.

Во сабота пред истражни судии и јавни обвинители треба да се појават уште 30 обвинети, а во недела ќе се изјаснат останатите 45 приведени.

Непознато лице се уште е обвинето за убиството на 29-годишен навивач на АЕК.

Грчките медиуми објавија дека истрагата го намалила кругот на осомничени на пет лица и тоа тројца грчки државјани, еден Хрват и еден Албанец.