За само едно деноноќие земјава регистрира 62 новозаразени

202

Во последните 24 часа направени се 771 тестирање и според позитивните случаи ги има од : Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар-3, Валандово-1, Кочани-1.

Во земјава се регистрирани и два смртни случаи, по еден од Гостивар и Струга.

Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.