ЖИВОТ

За девојчево зборуваат дека е чудовиште, а таа е само едно мало нежно суштество | Видео

By kukuriku

March 16, 2019

Во сиропиталиштето сите се плашеа од малата Primrose, усвоеното девојче од Кина, која ги изгубила очите од нелекуван глауком. Полни 76 дена по 16 часа плачела од болка.

Кога Американците Chris и Eryn Austin 2016 година допатуваа во Кина со намера да посвојат дете, на прв поглед се заљубиле во девојче со продорни сино сиви очи, Primrose. Но, нејзината необична појава не беше прифатена подеднакво, а останатите деца во сиропиталиштето во кое живееја врискајќи бегаа од неа и ја нарекуваа чудовиште.

Погледнете го видеото:

Имено, очите на Primrose, која неодамна наполни пет години, изгледаат чудно поради детскиот глауком кој не бил на време лекуван. На посвоителите не им пречела необичната боја на очите, но глаукомот напредувал, па така пред осум месеци очите почнале толку да ја болат што кутрото девојче се препотувало од болки, одбивало храна, а 16 часа на ден неутешно плачело.

Посвоителката Eryn вели дека тој период и бил најлош во животот, како да “живеела кошмар што не запира, бидејќи не знаела дали на девојчето ќе може да ѝ помогне.

Продолжува на страна 2

Таа и нејзиниот сопруг Primrose првпат ја виделе во 2014 година на фотографија, а две години подоцна ја донеле дома во Buford, Georgiа, како законита ќерка. Поради лошата заштита во сиропиталиштето морале да ја учат на работи што веќе одамна морала да ги знае, како нпр. држење на главата, седење, јадење, па дури и како да покажува љубов и наклонетост. Во сиропиталиштето им кажале дека Primrose поради глаукомот може да ослепи и оглуви.

Глаукомот во детството може да се препознае преку зголемените очи, заматената корнеа и преосетливоста на светлина.

Кога новите родители, само што ја донеле во САД, направиле лекарски преглед, лекарите заклучиле дека причината за нејзината состојба е реткиот вроден глауком тип 6p25, поради кој Primrose можела да види само контури. Покрај тоа, откриено е дека има потешкотии во учењето и намален мускулен тонус.

Продолжува на страна 3

– Знаевме дека има глауком и дека поради тоа може да оглуви, но не знаевме дека генетски е предизвикан – изјави мајката Eryn, а баш кога успеале да ѝ го опорават слухот и кога се чинело дека оди на подобро, Primrose ги загрижи родителите и лекарите.

– Одеднаш ѝ стана толку лошо што беше на граница помеѓу животот и смртта – раскажува мајката и вели дека докторите, дел по дел, се обидувале да го елиминираат изворот на болката и така откриле што не е во ред.

– Збудалевме од загриженост, од неа се цедеше потта, а нервниот систем и збесна, беше во агонија од болка – вели и додава дека во тој период Primrose не сакала ниту да јаде ниту да пие, додека таа со сила и давала мали количини на течности да не дехидрира.

Продолжува на страна 4

Оваа состојба, која родителите ја нарекуваат “криза 76 дена”, заврши со отстранување на очите кога по магнетната резонанца утврдиле дека има големи оштетувања. Следела ретинална аблација на едното око, а другото се намалило на половина од претходната големина, поради што хрурзите од двете очи морале да ги отстранат оптичките нерви.

“Тоа беше тешка одлука, но бевме 99 проценти сигурни дека е точна”, се сеќава мајката, додавајќи дека не може да поверува колку Primrose напредувала по операцијата. Имено, за два дена сама одела, што со месеци наназад било незамисливо.

Продолжува на страна 5

– Таа се смееше, а напредок беше видлив од ден на ден во секој поглед – изјави мајката за Daily Mail, и истакна дека тогаш им се “отворил нов свет“, и дека нивната ќерка, сега конечно ја чекаат позитивни промени. Но, додава дека сѐ уште им е најтешко на другите да им покажат колку вреди, бидејќи “целото општество е навикнато на совршенство”.

Веќе овој месец Primrose ќе подлежи на тестирања и мерења за да се направи соодветен калап по кој ќе се направат новите очни импланти, а подоцна, оваа година, треба да добијат леќи во боја.

– Прво ќе се направат калапи, а потоа ќе добиеме импланти – открива мајката за претстојните планови, и додава ако никогаш непрозбори ќе ја научи знаковен јазик или ќе смисли нешто друго. Битно е дека успеале да ја елиминираат причината за болката.

Продолжува на страна 6

Исто така, објаснува дека со сопругот знаеле дека ќе усвојат дете од сиропиталиште и дека тоа за нив е многу убаво и богато искуство. Се надеваат дека еден ден ќе се јават биолошките родители на девојчето и да им кажат дека таа е безбедна, среќна и сакана.