За 40 години можно е нафтата да биде бесплатна

1403

Во светот има премногу нафта, а со оглед дека алтернативните извори на енергија се се поважни, за 40 години нафтата би можела да биде речиси бесплатна, тврди Џон Маулдин, аналитичар на Форбс.

Тој додава дека се уште не се знае дали цените на нафтата ќе се опорават и растат во следниот период.

Маулдин истакнува дека највисоката цена на нафтата во следните години би била 60 долари.

Според одредени проценки, во следните десет години соларната енергија ќе има најголема експанзија.

Маулдин оценува дека нафтата долгорочно гледано, практично ќе биде бесплатна бидејќи ќе има голем број замени за фосилните горива.