За 3 работи си кажав дека нема да ги правам како родител, а веќе ги направив

914

Додека не бев мајка, ги гледав моите пријатели и луѓето во околината кои имаа деца. Ги гледав како прават некои грешки (грешки по мои стандарди) и реков дека никогаш нема да направам такво нешто.

Но, еве преку што поминав уште сега, а родител сум нешто повеќе од една година.

1. Моите деца никогаш нема да спијат во кревет со мене

Ова правило го поминав уште ВЕДНАШ. По неколку дена, бебето се бореше со сериозни грчеви, а потоа ни беше полесно да биде со нас. Сега има една година и неколку месеци, спие во својот кревет ноќе, но секое утро се буди со нас. Како? Во одреден момент во текот на ноќта (и тоа во 99% од случаите), почнува да се превртува, да плаче во сон, и сопругот или јас го пренесуваме кај нас. Тоа е мала личност која е зависна од човечкиот допир, и во тој момент бара од нас да го држиме за рака или, пак, да ја гали нашата рака додека спие. Да.

Нема ништо послатко од тоа кога наутро ќе тргне весело да ни скока по главите, а за галењето попатно и да не зборуваме.

2. Никогаш нема да му кажувам на моето дете дека е убаво

Пред повеќе години читав некои текстови кои тврдат дека детето на кое му кажувате дека е убаво, потоа станува површно, опседнато со изгледот, и мисли дека сè е во изглед, итн.

Мене секогаш ми зборувале дека сум убава, и – не сум површна.Тешко дасум опседнаат со изгледот, умеам да излезам од дома облечена како кловн (и имам сестра за тоа да ме критикува). Значи – не.

Детето ќе биде површно само ако Вир го научите така, тоа нема врска со комплиментите. Тие дури се и пожелни, тука се да ја зголемат самодовербата.

Не можама, а да не му кажам дека е убав, кога е. Мене ми е најубав.

3. Нема да објавувам фотографии на моето дете на Facebook и Instagram

На Instagram имам дури и уникатен хештаг за него (тоа е она тараба # па збор)! На Фејсбук многу малку споделувам фотографии.

Се разбира, и двата профила се приватни и достапни само за луѓето што лично ги знам, со тоа никогаш не би се играла. И нормално – не објавувам 30 фотографии дневно. Зошто да ги давам луѓето, исто онака како што јас не сакам мене да ме дават.

Убаво кажува фотографијата погоре: “Еднаш одамна, бев совршен родител. А потоа добив дете!”

Што имате ви до сега прекршено? Напишете!