За 24 часа во Италија починале 651 лице

280

Вкупно заразени во Италија досега има 59,138 лица. Но, оздравени се над 7.000. Моментално активни се 46,638 случаи.

Во последните 24 часа во Италија до коронавирусот починаа 651 лице. Вкупно досега починаа 5476 лица.

Во Ломбардија, најпроблематичниот регион, бројот на мртвите порасна во еден ден за 360.

Северот на Италија стана ново жариште на заразата со коронавирусот и моментално е најпроблематичен регион.

Од вчера има 5.560 новозаразени. Вкупно заразени во Италија досега има 59,138 лица. Но, оздравени се над 7.000. Моментално активни се 46,638 случаи.

Да потсетиме, во саботата во Италија од коронавирусот починаа 793 лица, додека само во Ломбардија 546.