ЗАНИМЛИВОСТИ

Вселената е нова туристичка дестинација ! Видео (Тројца среќни патници искористиле неверојатна можност)

By kukuriku

August 12, 2023

Првите патници кои ги превезе американската компанија Virgin Galactic пристигнаа во вселената во четврток на 10 август, објави компанијата основана од милијардерот Richard Branson, со што го исполни ветувањето дадено пред дваесет години.

Тројца патници – Jon Goodwin (80), Keisha Schahaff (46) и нејзината ќерка Anastatia Mayers (18) – поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на закривеноста на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата.

Оваа мисија наречена Galactic 02 е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни. Џиновскиот носач на авиони полета од конвенционалната писта во Ново Мексико и по фазата на искачување лансираше летало на ракетен погон налик на голем приватен авион.

Вториот потоа го вклучил моторот и забрзал вертикално додека не надминал надморска височина од 80 километри – што американската војска го смета за граница од која започнува вселената. Леталото достигна височина од 88 километри, изјави коментаторот на видеото во живо.

Вселенскиот брод набрзо го започнал лебдечкото спуштање, а потоа слетал на истата писта. Keisha Schahaff и нејзината ќерка Anastatia Mayers од Карибите го освоија билетот на натпревар организиран од Virgin Galactic.

Третиот патник, Британецот Jon Goodwin, учествувал на Олимписките игри во 1972 година. Тој боледува од Паркинсонова болест и е вториот човек со оваа болест што бил во вселената. Иако има 80 години, тој не е најстариот патник. Таа титула му припаѓа на William Shatner, стар деведесет години.

Околу 800 клиенти купиле билет за патување во вселената по цена која прво била од 200.000 до 250.000 долари, а подоцна се зголемила на 450.000.