Временска прогноза за 01.11.2016 година

967

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје  ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура до минус два, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови од земјава.