Ако некој го режираше ова, немаше да успее вака. Деновиве се случи нереална сообраќајна несреќа во близина на холандскиот град Ротердам.
Локален воз од метро одеднаш скокна од шините, пробивајќи ги сите огради и наместо да пропадне врз блиската улица или потокот во близина, застана на самиот крај од скулптурата на опашката!
Возот на тој начин стана дел од урбаната уметност, бидејќи голем број луѓе бараат да остане таму каде што застана засекогаш.
Никој не е повреден во бизарната несреќа, а причината за несреќата е непозната.
Машиновозачот се спасил од можна смрт скокајќи од возот во последен момент, по што бил пренесен во болница на преглед, каде било утврдено дека може веднаш да си оди дома.