Комбинацијата на наука и технологија на примерот на градежништвото покажува дека скоро ништо не е невозможно да се направи.
Развојот на технологијата му овозможи на човекот да создаде некои од најневеројатните достигнувања, кои би биле целосно незамисливи до пред неколку децении. Иновациите создадени во последните децении донесоа напредни решенија во многу сфери на животот, од кои едната е градежништвото.
Благодарение на напредокот и заедничкиот „изглед“ на науката и технологијата, денес е можно да се изградат згради од 500 ката, пруги под морето или мостови на неверојатни височини.
Исто така е можно да се создаде зграда низ која може да помине воз, односно преку која поминува железница. Токму овој вид зграда е на видеото, изградена е во Кина.