ДИЕТИ

Војничка диета симнува до 4 килограми за 3 дена

By kukuriku

May 02, 2021

Во намалување на тежината, дамите секогаш сме нетрпеливи и сакаме за кратко време да постигнеме максимални резултати. Денес споделуваме еден построг режим на исхрана. Ја нарекуваат оваа диета војничка, поради строгоста на планот.

Важно е да ја почитувате, да не додавате дополнително сол и шеќер, да ги избегнувате газираните и засладени пијалоци. Од зачините се дозволени црниот пипер, циметот, лути пиперки. Сите тие помагаат за забрзување на метаболизмот.

Пијте многу вода и чаеви. Се препорачува умерена физичка активност. Ако го почитувате планот во рок од 4 дена, може да се разделите со до 3 килограми. Снимете го и менито:

Прв ден

Појадок: Половина грејпфрут, тост намачкан со путер од кикирики, чаша кафе или чај засладен со мед. Ручек: 120 грама туна од конзерва, тост, чаша чај или кафе. Вечера: 100 грама чисто месо (без солени филети и колбаси), 100 грама варен грашок, половина банана, 1 мало јаболко.

Втор ден

Појадок: 1 тврдо варено јајце, половина банана, тост. Ручек: парче сирење по можност немрсно, 1 тврдо варено јајце и пет парчиња двопек. Вечера: 150 г чисто месо, 300 г варена брокула и моркови, половина банана.

Трет ден

Појадок: чаша кафе или чај, пет парчиња двопек, 30 грама сирење и едно мала јаболко. Ручек: 1 тврдо варено јајце и тост. Вечера: 120 грама туна од конзерва, половина банана и 200 грама варен зеленчук.

По завршувањето на планот за исхрана е важно да продолжите да се храните здраво, за да ги зачувате постигнатите резултати. Војничката диета може да се прави секој месец, како режим за детоксикација.