АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Вода за уста со пеперминт и кокосово масло

By kukuriku

April 23, 2021

Плакнењето на устата со специјален раствор е важно за здравјето и хигиената на усната шуплина. Здравите непца и превенција во создавањето на забен камен и кариес се во основата на брилијантното стоматолошко здравје.

Затоа миењето на забите не е доволно, потребно е и редовно плакнење со вода за уста, што ќе доведе до крај на борбата против бактериите и хранливите остатоци.

Но, најдобро е да си приготвите домашна вода за уста , која ќе е корисна, а не полна со вештачки супстанции, фабрички подобрувачи со потенцијално опасни несакани ефекти.

Најдобрите состојки за домашно приготвена вода за уста се кокосовото масло и пеперминт. Тие се борат со бактериите и ја спречуваат појавата на кариес и забен камен.

Потребно

Измешајте ги сите состојки во стаклена чаша или тегла со цврсто затворен капак. Измешајте добро, потоа затворете цврсто и протресете силно, за да се домешаат добро состојките. Чувајте во шкаф, заштитен од директна сончева светлина.

Плакнете ја устата секое утро и вечер со овој раствор. Трудете се да правите гаргара најмалку 1 минута за да има ефект.

Состојките во растворот ќе се грижат непцата да се стегнат, да го вратат свежиот розов изглед, да ги неутрализираат бактериите и да ги заштитат забите од кариес и забен камен.