Во Зелениково само двајца заразени од Ковид 19 | Еве ги другите скопски општини

138

Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје.

Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

Од Министерството за здравство соопштија дека активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера се:

  • Чаир – 421,
  • Аеродром – 143,
  • Бутел – 139,
  • Гази Баба – 149,
  • Центар – 125,
  • Карпош – 125,
  • Сарај – 139,
  • Кисела Вода – 107,
  • Ѓорче Петров – 88,
  • Студеничани – 95,
  • Шуто Оризари – 76,
  • Арачиново – 53,
  • Илинден – 30,
  • Петровец – 18,
  • Чучер Сандево – 17,
  • Сопиште – 12,
  • Зелениково-2,
  • странец – 3 и
  • нераспределен-51 случај