Во вегетаријански микс од КАМ неочекуван додаток – ГЛУШЕЦ

275

Советникот во Општина Битола Иван Чулакоски преку својот Фејсбук профил ги повика надлежните органи да реагираат откако во производ купен од Кам маркет пронашол натрапник.

„Го сакам КАМ во поштенско сандаче!!! Јадиме здрава храна… Семката ваша!!!
Ројал микс со глушец. 🤮🤮🤮

Кај да го пријавам ова?, напиша Чулакоски и објави и фотографии од производот.

Тој ги повика Владата, вицепремиерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство, Кам маркет, Националната канцеларија за заштита на потрошувачите како и македонските новинари да го истражат случајот.

Според декларацијата, производот е пакуван во Србија, а увозник е Кам маркети.