Во Турција најмалку 40 загинати по експлозијата во рудник | Видео

448

Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во северна Турција се искачи на 40, објави синоќа турскиот министер за здравство Фахретин Коча на Твитер.

Тој додаде дека 17 лица се префрлени во болници на лекување, пренесе Ројтерс.

Министерот за енергетика Фатих Донмез изјави дека, според првичните информации, причина за инцидентот е експлозија на мешавина од запаливи гасови.

Се верува дека десетици рудари се заробени под земја по експлозијата, која се случила околу 18:15 часот по локално време.

Дирекцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД), повлекувајќи го претходното соопштение во кое се наведува дека експлозијата била предизвикана од трансформатор, потоа објави дека причината за експлозијата на длабочина од 300 метри е непозната. Во рудникот работеле 110 луѓе.