АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Во случај грлото непријатно да ве гребе, ова е одлично решение

By kukuriku

October 21, 2020

Во овој период од годината кога временската прогноза се менува повеќе пати на дневно ниво ретко кој може да се пофали дека не го мачи кивавица, настинка и болка во грлото. Затоа во случај грлото непријатно да ве грепка, еве одлично решение.

Не морате веднаш на првите знаци на настинка да посегнувате по лекови. Доволно е во чаша топла вода да ставите една лажичка сол и со тоа да ја исплакнете устата и грлото.

Плакнете ја жестоко устата, правете грагара по неколку пати, со цел да го исплакнете целосно и грлото. Голтнете некој дел од напитокот доколку можете.

Применете ја оваа метода два до три пати во денот, веднаш ќе почувствувате дека болката во грлото се намалува.