Во Швајцарија тестрање на коронавирус на трошок на државата

101

Швајцарската влада објави дека од утре ќе ги сноси трошоците за тестирање на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Истиот ден ќе започне и користењето на апликацијата за следење на заразените, со цел да се спречи ширењето на вирусот по ублажување на мерките.

Владата на Швајцарија соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирусот и антитела, како и дека ќе го поедностави системот за тестирање.

Во Швајцарија, бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 44, на 31.376 во последните 24 часа, додека 1.958 лица починале од последиците на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата.