La Rioja

VINOLOGIA

Во Шпанија се произведува најздравото вино на светот

By kukuriku

July 25, 2020

Вино со најголем процент на антиоксидансот ресвератрол се произведува во Шпанија.

Експертите во истражувачкиот центар „Долмар“ во Ла Риоху се заслужни за правење на најздравото вино, благодарејќи на ресвератролот, супстанца која ја создаваат билките бранејќи се од бактерии и гливични инфекции.

Во клинички услови е докажано дека тој антиосиданс е повеќе корисен од било која витална хранлива состојка:фосфор, калциум, витамин Ц и Е.

Виното е без вештачки додатоци, а неговата корист за човечкиот организам е огромна.

„Тоа е моќен антиосиданд. Добар е за циркулација, а спречува некои видови на тумори“, велат од Долмар.