ЗАНИМЛИВОСТИ

Во овие земји живеат најмногу рогоносци

By kukuriku

January 14, 2021

Тајланд го зазема првото место во Топ 10 на земјите во кои се мами најмногу, пишува “Дејли експрес”. Рангирањето е составена врз основа на студии спроведени од компанијата “Дурекс” и различни дејт-сајтови.

Резултатите покажуваат дека првенци по изневери се Тајланѓаните – импресивни 56% од жителите на азиската земја имале вонбрачни афери. Едно од можните објаснувања за тоа е обилната потрошувачка на кари што локалните жители ја сметаат за афродизијак.

Второ место во своевидениот рејтинг на неверните земји го зазема Данска – 46% од жителите ставаат рогови на партнерите. Следат Италија и Германија со 45%. Во Топ 10 на земјите во кои се мами најмногу спаѓаат уште Франција (43 проценти), Норвешка (41 проценти), Белгија (40 отсто), Шпанија (39 проценти).

Првите десет се дополнува од Велика Британија и Финска со 36 проценти од жители кои признале за вонбрачни врски.