Во овие три македонски градови има најмалку заболени од Ковид 19

212

Во моментов во земјава се активни 3.095 случаи на заразени лица со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 5.445 заболени, оздравени се 2.091, а починаа 259 лица.

Откако се укинаа речиси сите рестрикции, секојдневно се бележат по над 100 заболени лица, а министерот за здравство Венко Филипе најави дека наскоро ќе се отвораат и границите и аеродромите, што, како што рече, не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани.

Филипче оцени дека зголемениот број на заболени се должи на непочитувањето на мерките, постојано упатувајќи апел дека носењето на маска, држењето на дистанца и негрупирањето ќе го спречат ширењето на епидемијата.

Тој истакна дека отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик.

-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Не може ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, посочи Филипче.

Досега во земјава се спроведени 54.456 тестирања на Ковид -19.

Во последните дваесетина дена најмногу новозаразени лица се регистрирани во Скопје, каде во моментов се активни 1.785 случаи, од кои 413 во општина Чаир.

Во Куманово се активни 254, во Дебар 31, Штип 186, во Прилеп се активни 19, Тетово 338, Струга 102, Велес активни 32, Битола 14, Охрид 104, во Кавадарци се активни шест случаи, Гостивар 53, Гевгелија 6, Струмица 9, Крива Паланка 6, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 9, Македонски Брод 1, во Пехчево се активни 2 случаи, Берово 1, Валандово четири, Кратово 1, Свети Николе 15, во Кичево се активни шест случаи 72 и во се активни девет случаи.