Од вчера областа на градот Милано станува зона за непушачи на јавни места, пишува агенцијата Анса.
Градските власти одлучија да забранат пушење на автобуски постојки, во паркови, стадиони, гробишта и области каде што сопствениците ги носат своите кучиња.
Одлуката е донесена во ноември минатата година, таа ќе стапи на сила денес, а до 2025 година, се планира забраната да се прошири на сите отворени простори во градот.
Првично, забраната, која стапува на сила денес, им остава на пушачите можност да пушат на отворено, но само доколку се оддалечени најмалку 10 метри од другите луѓе.