Издавачот на книги за деца стана цел на многу критики кога во водичот низ пубертетот за момчиња тврдел дека на девојчињата градите им растат за да изгледаат “возрасно и привлечно”, пишува The Independent.
Обвинувањата дека промовираат опасни полови стереотипи ја доведоа компанијата Usborne јавно да се извини за книгата “Растење за момчиња” од 2013 година чии автор е Алекс Фрит.
“Девојките имаат гради од две причини. Една е да прават млеко за децата. Другата е девојката да изгледа повозрасно и привлечно”, пишува во контроверзниот дел од книгата.
“Речиси сите гради, без оглед на големината и формата што ќе ја добијат кога девојката ќе помине низ пубертетот, можат да ги исполнуваат двете улоги”.
Контроверзниот дел од книгата на Фејсбук страницата на неговиот блог Man vs. Pink го објави блогерот Simon Ragoonanan, кој се занимава со борбата против сексуалното стереотипизирање на децата.
“Привлечноста не е суштината на градите. Нивната единствена суштина е да прават млеко. Секоја привлечност е научено, со културата условено однесување”, напишал Ragoonanan.
Книгата е добро искритизирана и на страницата на Амазон каде што се продава. “Потполно е шокантно дека уредникот направил превид! Сексуалните коментари за градите на девојките се навистина неверојатни. Не им дозволувајте на вашите синови да ѝ се доближат на оваа глупост”, напишал еден корисник.
“Застарено сексистичко ѓубре! Направете им услуга на своите синови и одберете нешто друго”, додаде друг корисник.
Сепак, имало и од оние кои застанаа во одбрана на тврдењето за градите. Тие корисници тврдат дека не е точно дека градите се знак дека девојката е зрела.
Портпаролот на издавачот на “Usborne” изјавил дека компанијата се извинува ако некого навредила и дека ќе ја ревидира содржината пред повторното печатење.