Во Битола се санираат последиците од вчерашното навреме

102

Локалните јавни претпријатија во Битола во соработка со граѓаните денеска ги санираат последиците од вчерашното невреме што го погоди овој град.

Екипите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба и Паркинзи, заедно со екипите на ТППЕ Битола во координација со претставниците од Дирекцијата за зазштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагираа.

На повик од граѓаните интервенираа во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5 кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето „Тодор Ангелевски“, на ул. „Дебарска“ во населбата Баир и на други локации.