Во 27% од случаите, вирусот го пренесуваат оние кои се чувствуваат добро

256

Ситуацијата во Италија со коронавирусот сега е подобра отколку во многу други земји во светот, но вирусот сè уште циркулира и во околу 27 отсто од случаите се пренесува од луѓе кои немаат симптоми, рече шефот на Високиот здравствен совет, Франко Локатели.

Локатели истакна дека постои „ризик од инфекција од оние кои се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми“, поради што ги потсети луѓето што одат на годишен одмор да бидат внимателни.

„Ова е период на одмори во кој Италијанците заслужено уживаат, но тие не треба да го забораваат она што се случи во текот на изминатите месеци“, рече италијанскиот здравствен службеник во интервју за весникот „Кориере дела сера“.

Според него, околу 27 отсто од луѓето кои развиле антитела на вирусот Ковид-19 никогаш не имале симптоми, а процентот е сличен и во Шпанија – 32 отсто.

Затоа, посочува Локатели, важно е да се почитуваат правилата за физичко растојание и носење на заштитни маски, не само во затворен простор, туку и на отворено.