Палетата на пролетта е пастелна и светла, но и свежа, комбинирана со интензивни цветни бои. Сепак, зелената со сите нејзини нијанси е апсолутна боја на пролетната атмосфера.
Белата боја треба да биде основна при опремувањето на интериерот на пролетната удобност, а дали таа ќе биде ладна или топла, зависи од другите бои што ќе ги изберете.
Ако сакате секогаш да бидете во согласност со годишното време, секако дека не мора да го менувате целиот стан.
Доволно е да имате украсни перничиња или завеси, прекривки, чаршафи за маса и други детали во барем две варијанти, кои ќе ги менувате со оглед на тоа каква боја сакате во кој период од годината и на тој едноставен начин ќе го смените амбиентот од зимски во пролетен и обратно.
Пролетни бои и нијанси
Зелена – нијанса на тревата, дури и маслинеста ако се комбинира со светлосини нијанси и со бела боја.
Жолта – сите нијанси, од најсветла, лимон-жолта до златна…
Сина – сите светли нијанси, особено париско сина, но и посветлите синозелени нијанси.
Црвена – исклучиво како акцент, особено цикламата, па сè до нежните црвено-розеви нијанси.
Виолетова – од многу нежни до интензивни розеви нијанси.
Чистите тонови на овие бои комбинирајте ги со бела. Ако се одлучите за пастелната палета, меѓусебни комбинации на усогласените нежни тонови се можни меѓу сите бои. Но не комбинирајте ја пастелната палета со чисти тонови, освен ако не сте многу вешти во тоа.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.