Владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата

225

Директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата на коронавирус.

Рајан изјави пред новинарите во Џенева дека „обидот да се презентираат поедноставени решенија пред луѓето не е стратегија за победа на долг рок“.

„Ако заедниците проценат дека добиваат информации што се политички изманипулирани или управувани на начин што не одговара на реалноста, тогаш тоа за жал се враќа како бумеранг“, изјави Рајан.

Запрашан за спротивните пораки испратени од бразилската влада во врска со пандемијата, Рајан рече дека „транспарентноста, доследноста, искреноста“ и признавањето на грешките можат да изградат доверба.