Владата на САД се подготвува за 18-месечна пандемија и „критички недостаток“! Протекоа документи за кои се метало дека се тајни

226

Документот со датум од 13 март, изведен е како „некласифициран“, но е наменет само за службена употреба, а не за објавување.

Пандемијата на коронавирусот може да трае и 18 месеци, ако е да се суди према планот на неодамнешниот одговор на федералната влада на САД до кој наводно дошол Њујорк Тајмс.

Во документот со 100 страници се наведува дека се предвидени “неколку бранови на болести“, а дека „ширењето и сериозноста на COVID-19 ќе биде тешко да се предвиди“.

Во документот, исто така, се вели дека зголемениот број случаи на инфекции со коронавирус би значело повеќе хоспитализирање на лица од различни групи изложени на ризик во САД, што може да го стави целиот здравствен систем под голем притисок.

Документот, датира од 13 март, е заведен како „некласифициран“, но е наменет само за службена употреба, а не за објавување.

Во документот званичниците ги разгледуваат чекорите што владата може да ги преземе како одговор на пандемијата, како што се затворањето училишта (веќе завршено) и повторно воведување на Актот производство за одбраната (1950), кој му дава право на индустријата да нарача производство на критична опрема и намирници.

Овој акт го воведе Доналд Трамп во среда на 18 март.

Планот исто така предвидува дека ќе се појават недостатоци на производи, кои влијаат на здравствениот систем, службите за итни случаи и другите клучни елементи на државната инфраструктура.