Владата на денешната седница донесе нова Уредба со која се регулира работното време на угостителските објекти.
Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши кафулињата и рестораните во работните денови ќе можат да бидат отворени до полноќ.
За време на викендите односно во петок и сабота ќе можат да работат до еден часот по полноќ.
Угостителските објекти беа повторно отворени на 28 мај и им беше дозволено да работат до 20 часот.
За кафулињата и рестораните и понатаму важат протоколите за работа поради епидемијата на КОВИД-19.