Мали, вкусни, меки и здрави топчиња, преполни со сушено овошје и јатки.
Потребно
- 350 гр урми
- 350 гр суви кајсии
- 120 гр суво грозје
- 170 гр ф’стаци
- 2 лажици мед
- 1 лажица цимет
- кокосови трошки
Подготовка
- Во блендер ставете ги сите состојки, освен шеќерот и циметот. Миксајте додека да се соединат сите состојки.
- Од смесата формирајте мали топчиња и валкајте ги во миксот од кокосовите трошки и цимет. Смесата ќе биде леплива, па затоа формирањето на топчињата правете го со навлажнети раце со вода.