Вкупно 685 позитивни на Ковид-19 во Скопје | Еве од кои населби се 

390

Од вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Скопје, според „Фокус“, дури 390 заболени граѓани се од шест скопски општини и тоа:

  • 98 се од Аеродром,
  • 70 од Карпош,
  • 63 од Чаир,
  • 41 од Сарај,
  • 84 од Гази Баба и
  • 34 од Бутел.

Во последните десетина дена, овие скопски општини се најголема мета на вирусот.

Само од денешните 23 новозаболени лица 12 се од Скопје. Од вчерашните, пак, 40 новозаболени, 26 се од главниот град од кои 9 од Аеродром, а седумина се од иста фамилија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Во Скопје, во моментот активни се 178 случаи.