Вистинскиот начин да ја отстраните шминката

93

Едно од најважните правила за да ја зачувате младоста, свежината и сјајот на кожата, е да не заспивате со шминка.

Во обид да биде долготраен, современиот мејкап станува тежок за чистење.

Многу дами избираат несоодветни производи и ја чистат безмилосно кожата, што само може да ја оштети.

Бјути експертот на Pro-Artist Relations, Вивиен Мартин, дава неколку совети за тоа како да се отстрани шминката успешно и без последици за кожата.

1. Потопете го памукот со течен отстранувач на шминка и ставете го на очните капаци за минута-две. На овој начин течноста ќе успее да ги распадне честичките, без да мора да ја триете областа околу очите и самите очи. Во оваа зона, кожата е многу нежна и лесно може да биде повредена.

2. Користете производ на глицеринска база, ако шминката ви е водоотпорна, бидејќи маснотиите се разградуваат подобро. Имајте на ум дека слични козметички производи застануваат како бариера на кожата – нешто што може да го спречи нанесувањето и апсорбирањето на кремот за лице.

3. Во случај да мора да прибегнете до вториот чекор, може да се исчисти дополнително лицето со марамчиња за отстранување на шминка, кои содржат и алкохол и ја сушат кожата.Во никој случај не се одлучувајте за тој чекор, туку поминете нежно по површината и потоа намачкајте со хидратантен крем.

4. Домашни алтернативи на козметичките производи за отстранување на шминката: Мешање на малку вазелин и некаков хидратант ќе ви помогне да ја отстраните шминката. Може да се обидете и со мед, но потоа треба внимателно да го отстраните од кожата, за да не остане леплива чувство.

5. Завршете со тоник. Тој често е погоден за секој тип на кожа, нежен е како текстура, апсорбира брзо и ја освежува кожата, ја смирува во случај на нервоза и непријатност.