ОД СКРИЕНИОТ ТЕФТЕР

Вистинска приказна за учителката и детето

By kukuriku

December 15, 2018

Воспитувачката во градинка му помага на едно дете да ги облече чизмите.

Чизмите се малку тесни. Жива мака, тоа бутка, таа влече, а чизмите никако на нозе. Кога двете успеале да ги навлечат, воспитувачката целата во пот воздивна, а детето тогаш и рекло:

“Учителке, чизмите се наопаку!”

И навистина, левата на десна, а десната на лева нога. Не е баш лесно да се собујат чизми, а камоли повторно да се навлечат. Но, на крајот чизмите си дошле секоја на своја нога.

Детето ги гледа чизмите, те од една, те од друга страна, се исправило, ја погледнало наставничката во очи и рекло: “Ова не се моите чизми”.

Воспитачката се гризнала за јазик за да не вресне: “Зошто порано не кажа?!”. И со голем напор повторно ги соблекла чизмите, а детето продолжило: “Чизмите се на брат ми. Мама мене ми ги даде.”

Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее … На повторното облекување на чизмите, таа го прашало детето демек онака на шега: “А кај ти се ракавиците?”

Детето ги кренало рамениците, ги раширило рацете и рекло: “Па, во чизмите!”

И двацата се пукнале од смеење.