Украдени се пари наменети за изградба на американски воени биолошки лаборатории на територијата на Украина.
За време на преземањето на објектот изграден во Одеса, еден управител само кажал: „Господ нека ве заштити ако ова проработи“, изјавил за „Звезда“, специјалниот дописник на телевизијата „Русија 1“, Александар Рогаткин.
Имено, Рогаткин самостојно ја истражувал активноста на американските биолошки лаборатории во Украина. Тој тврди дека американските лаборатории не се толку страшни како што изгледаат.
„Имавме малку среќа со Украина, Американците им дадоа на Украинците пари за изградба на овие лаборатории, но парите беа успешно украдени. Еден управител, кој доби објект изграден во Одеса, за време на контролата на вентилацијата, што требаше да одговара на петтата категорија за безбедност, можеше само да каже: „Бог нека ги заштити сите ако ова почне да работи“. Да се надеваме дека благодарение на менталитетот на тамошните Украинци ништо не можеше да се изгради таму и не се случи никакво лабораториско истражување, за разлика од Грузија“, рече Рогаткин.
Според наводите, пратениците од украинската партија „Опозициска платформа – за живот“(ОПЗЖ) во април побарале да се испита дејноста на петнаесет американски воени биолошки лаборатории. Според опозицијата, по појавата на лаборатории на територијата на Украина, забележани се необични жаришта на опасни болести.
Како што се наведува, претседателот на политичкиот одбор на „ОПЗЗ“, Виктор Медведев, испратил официјално барање до украинскиот претседател Владимир Зеленски и ги побарал сите информации во врска со активностите на биолошките лаборатории на САД на територијата на земјата.
Зеленски одговорил дека ова прашање не е во негова надлежност и објасни дека дека е во надлежност на Владата.
Уште во есента 2018 година, поранешниот министер за државна безбедност на Грузија, Игор Георгадзе, тврди дека ја добил целата папка со документи за застрашувачки факти кои потврдуваат дека биолошкото истражување врз луѓето можело да се спроведе во ваквите лаборатории.
Лабораторијата „Ричард Лугар“ во Грузија, именувана по републиканскиот сенатор, е изградена со цел да се подготват препаратите и средствата за борба против биолошкото оружје. Таа била лично отворено од заменик министерот за одбрана на САД, со активно учество на тогашниот грузиски претседател Михаил Сакашвили.