РЕЦЕПТИ

Високо протеински леб од урда

By kukuriku

December 03, 2023

Изненадите ги вашите дома со овој многу едноставен, ефтин, а вкусен леб!

Состојки

✅️ 500 гр домашна урда ✅️ 3 јајца ✅️ 300 гр овесни снегулки ✅️ 1 лажичка прашок за пециво ✅️ 1/2 лажичка (6гр) сол ✅️ 50 гр ленено семе ✅️ 50 гр семки од сончоглед ✅️ 50 гр семки од тиква

Подготовка

1️⃣ Ставете ги сите состојки во сад и почнете да мешате со лажица. 2️⃣ Мешајте со рака додека состојките не се соединат темелно. 3️⃣ Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се формира лепче. 4️⃣ Печете 1 час на 180ºC / 360°F 5️⃣ По 10-15 минути сервирајте и уживајте

На здравје !