Дали Викинзите од Гренланд патувале во денешна Канада во 11 век, 400 години пред Кристофер Колумбо? Leif Eriksson

ИСТОРИЈА

Викинзите пред Колумбо ја откриле Северна Америка

By kukuriku

September 29, 2020

Нови докази покажуваат дека Викинзите може да ја откриле Северна Америка речиси 500 години пред Кристофер Колумбо, пишува Daily Mail.

Научниците веруваат дека откриле викингшка населба на канадскиот остров Њуфаундленд, кое било востановена помеѓу 800 и 1300 година по Христа.

Ова е втора вакво населба, пронајдена во Северна Америка. Откритието помага да се докаже дека Викинзите се првите Европејци кои влегоа во “новиот свет”.

Доктор Сара Паркак, археолог од Универзитетот во Алабама објасни дека пронајдената населба може да открие уште тајни за Викинзите и да докаже дека тие се првите Европејци,кои се населиле се на новиот континент.

Според еден историски извор, Викинзите ја откриле Америка во 986г. по Христа. Досега оваа информација не беше докажана, но новото откритие може да докаже дека тоа е вистина.