ИНФО 369

Видео од багери кои ги копаат гробните места на посебно место во гробиштата

By kukuriku

March 17, 2025

Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”.

Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта.

Reuters“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места.

Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот.

Исто, упатена е препорака и да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Во пожарот загинаа 59 млади луѓе, осомничени се 22 лица, а Обвинителството бара краткотраен притвор за 14 лица.

https://youtube.com/shorts/TG4aSy5JDt4?si=XzU71puLFoRKcmAC