НАУКА

ВЕШТАЧКОТО СОНЦЕ загреано на температура повисока од вистинското! Видео

By kukuriku

June 29, 2021

Кинеските научници користат „вештачко сонце“ за да создадат плазма, приближувајќи ги чекор до неограничен извор на енергија.

Токамак, кинеска машина за создавање на вештачко магнетно поле со цел задржување на плазмата во фузиските реактори, го собори светскиот рекорд за времетраењето на температурата на која се создава плазмата. „Вештачкото сонце“, како го нарекуваат, одржуваше температура од 120 милиони степени Целзиусови точно 101 секунда. Ова го сруши претходниот рекорд на јужнокорејскиот КСТАР, кој држеше 100 милиони степени само 20 секунди.

Целта е бесконечно достапна енергија

Иако фузиските нуклеарни реактори сè уште се во голема мерка во областа на првичните истражувања, успешно и сè повеќе долгорочно одржување на ваквите високи температури го приближува човештвото до една од научните и технолошките цели – создавање на неограничен извор на енергија.

„Ова достигнување е голем чекор напред, крајната цел на проектот треба да биде одржување стабилна температура за подолг временски период“, изјави за „Глобал“ Ли Миао, директор за физика на Јужниот универзитет за наука и технологија од Шенжен.

Процесот е како во научна фантастика

Постигнувањето, кое кинеските научници имаат намера да го надминат, беше извршено со загревање на деутериум и тритиум во внатрешноста на магнетното поле. Така се добиваат температури на кои се создава плазма, а тие можат да бидат шест пати повисоки од температурата на јадрото на Сонцето. Но, енергијата на врзување бара многу енергија, која се создава со контролирана нуклеарна фузија.

При една фузија, се ослободува значително повеќе енергија отколку што е потребно за да придвижи реакторот, но нема страв од експлозија бидејќи атомите на тритиум и деутериум почнуваат да се соединуваат на температури поголеми од 100 милиони степени. Оваа врска доведува до ослободување на големи количини енергија.

Подготовки за нов рекорд

Реакторот EAST работи од 2006 година и е создаден заедно со првиот кинески уред токамак наречен HT-7. Целта на научниците кои работат на тоа е да постигнат пулсирање на плазмата која трае најмалку 1000 секунди, или 16 минути и 40 секунди.