Венко Филипче | КЛУЧНИ ПОЕНТИ

346

➡️ Двајца пациенти на Инфективната клиника веќе се ставени на терапијата за коронавирус. Потребно е да се направи кардиолошка анализа ЕКГ затоа што има таму и една контра индикација, значи не се дава на сите пациенти. Луѓето да не купуваат на своја рака или да се обидуваат да ги најдат лековите, мора да се даде според точна индикација на лекар специјалист;

➡️ Уште една пациентка почина од коронавирусот. Тоа е пациентката која подолго време беше на респираторна машина, од Дебар, и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната терапија, таа почина денеска пред неколку часа. Пациентката беше на 66-годишна возраст и во историјата имаше податок дека прима хронична терапија за хипертензија.

➡️ Има 29 нови случаи на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја. Со ова, вкупната бројка изнесува 177 лица. Според местото на живеење, досега пациенти се регистрирани во: Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид, Гостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес.

➡️ На Инфективната клиника се направени контролни тестови на 4 пациенти кои подолго време се лекуваат таму и тие контролни тестови, земени пред два дена се негативни. Од тие 4 лица, 3 се во значајно добра состојба. Кај сите нив ќе биде земен уште еден контролен тест, согласно протоколот во текот на следниот ден, и доколку и тој тест е негативен, тројцата пациенти ќе бидат подготвени да се упатат на домашно лекување.

➡️ Од 29-те нови случаи, 5 лица се од Кожната клиника, кои после 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми на земените материјали – тестови, со оглед на тоа што беше поминат инкубацискиот период, имаат позитивен резултат. Колегите се во добра општа состојба, практично се асимптоматски, го чека во домашна изолација периодот од 14 дена да помине, ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација, согласно нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од Инфективната клиника. Со оглед на тоа што во оваа група навистина има повеќе лица денеска се овие пет позитивни случаи од 30 тестирани, а во следните денови продолжуваат да се тестираат сите поделени во групи, со цел да се постигне и со испитување на резултатите од другите пациенти кои доаѓаат од другите места.

➡️ Денеска ќе имаме и дефинитивна бројка на сите лаборатории, согласно посетата и стручните состаноци на раководителката на лабораторијата во Институтот за јавно здравје на приватните установи и доколку ги исполнуваат условите да се вклучат во мрежата за да се зголеми капацитетот на тестовите. Добро функционираат пунктовите, матичните лекари закажуваат термини.

➡️ Пред оваа закана со вирусот сите сме еднакви и мора да се придржуваме до препораките, до правилата – затоа што доколку не се спроведуваат мерките нема да има заштитени. Сите сме одговорни пред овој предизвик, заради тоа што само заеднички може да го победиме овој голем предизвик.