Вела Лука се прости од Оливер | Видео

1603

Бескрајно тажна поворка ги исполни гробиштата, погребан е еден од најголемите музичари во историјата на Хрватска.

На последното испраќање на Оливер Драгојевиќ на гробиштата на Св. Рок во Вела Лука на Корчула, во средата се собраа илјадници приврзаници на овој исклучителен хрватски музичари, меѓу кои, заедно со семејство и многу пријатели, беа и неговите колеги уметници.

Градоначалничката на Општина Вела Лука Катарина Бикиќ по тој повод рече дека Оливер е “најголемиот Велолучанин”, и дека трајно ќе остане во срцата на Велолучаните.

“Кога слушнавме дека повеќе никогаш нема да се видиме, дека никогаш нема да прошеташ по нашата рива, нашиот свет се сврте наопаку и тука се застана”, рече Бикиќ. “Вечно ќе останеш запишан во историјата на ова мало место кое, впрочем, ти го направи големо”, додаде таа.

Бикиќ истакна дека Оливер не е само голем музичар, туку и голем човек.

“Нека ти е лесна оваа Велолучка земја натопена со сол. Мирно море. Adio капетане”, рече Бикиќ на последното испраќање на Оливер во Вела Лука.

Клапата Ошјак од Вела Лука ја отпеа песната “Tek sad vidim što mi znači Vela Luka”, а во негова чест песната “Vrati se mili ćaća”.

Ковчегот со телото на Оливер пред положување во гроб е покриен со знамето на Торцида со напишана 1950-та година, кога е основана Торцида. Потоа преставниците на Торцида во гробот фрлија навивачки шал од Хајдук.

На погребот на Оливер Драгоевиќ во Вела Лука се собраа и многу негови пријатели од музичкиот, културниот и спортскиот живот на Хрватска, меѓу кои и музичарот Џибони, поетот Јакша Фиаменго, познатиот хрватски кошаркар Дино Раѓа и Рато Тврдиќ. Беа уште и министерката за култура Нина Обуљен Коржинек, командантот на хрватската ратна морнарица (ХРМ) комодор Иво Raffanelli, член на Европскиот парламент, Дубравка Шуица, пратеникот Бранко Бачиќ, градоначалникот на Дубровник Никола Доброславиќ и градоначалникот на Сплит Блаженко Бобан.

Како што кажаа од организацискиот одбор за погребот на Оливер, илјадници граѓани денеска го посетиле домот на семејството Драгојевиќ во Вела Лука, запалиле свеќи и положиле цвеќе.

Меѓу тие посетители не беа само Велолучани и Корчулани, туку и туристи кои се на одмор на Корчула. За погребот на Оливер беше обезбеден специјален катамаран од Сплит до Вела Лука.

Жителите на Вела Лука истакнуваат како смртта на Оливер Драгојевиќ ги обви во тага, но, и горди се што тој одлучил да биде погребан во родното место.

Велолучанецот и пријателот на Оливер, Тончи Сурин, рече дека придонесот на Оливер за промоција на Вела Лука не може да се спореди со ништо друго.

“Вела Лука изгуби голем промотор, Оливер беше тој кој секогаш ја истакнуваше вредноста на Вела Лука”, изјави Сурин за Хина. Без оглед на тоа што Оливер настапувал на светската сцена тој секогаш ја делеше судбината со своите сомештани и им помагал во дадени моменти.

На погребот во Вела Лука дојде и близок музички соработник на Оливер Горан Франиќ кој повеќе од 40 години бил басист во неговиот бенд.

“Оливер беше душа од човек”, вели Франиќ за Хина, додавајќи дека Оливер ја заслужиил “сета љубов на светот”, бидејќи ширел позитивна енергија со прекрасни песни и убав збор. (Хина)

Gibonni и Tomislav Mrduljas
Jaksa Fiamengo
Stjepan Hauser
Dino Radja